Изложба на ретроавтомобили во Делчево

На овогодишната шеста по ред изложбата на ретроавтомобили која се одржа во Делчево, наградата за најстар автомобил ја доби Митко Стојчев од Бугарија за неговиот доџ, додека за најмлад учесник годинава беше прогласен младиот Давид Златковски. Освен овие награди беа доделени и награди за најдобро реставрирано и нереставрирано возило, а беа доделени благодарници за сите кои ги претставија своите возила во рамки на изложбата во Делчево на која учествуваа над 100 возила од Македонија, Бугарија и Србија.

Настанот беше во организација на здружението ,,King’s of the road’s”, а под покровителство на Општина Делчево.  Градоначалникот Горан Трајковски,  истакна дека радува фактот што Делчево добива уште една традиционална манифестација која ги надминува локалните граници и го запишува Делчево на листата европски градови, каде ревијата на ретроавтомобилите е посебна традиција и атракција.

осебно е за поздравување ентузијазмот на претставниците од Здружението „King’s of the road’s“, но мора да ја потенцирам неуморноста, залагањето и љубовта кон старите автомобили на Лоренцо Трајановски кој ја создаде и ја гради оваа атракција. Општина Делчево ги препознава добрите иницијативи и дава максимална поддршка за нивна реализацијаСо оваа ретроизложба на олд тајмери се вративме во времето кога низ улиците на Делчево се возеа добро познатите заставини возила, но и по некој мерцедес, понтијак. Ова е прекрасна ревија која покажува дека на старите возила доколку им се обрне внимание, може повторно да го добијат приматот на „кралици на патиштата“, нагласи Трајковски.

Од годинава активно учество во организација на настанот, зеде и Федерацијата на олдтајмери на Македонија. Програмата за време на настанот беше збогатена со настап на рок групата „Троја“.

0Shares
0