Одржана 8 Седница на Советот на Општина Делчево

Советниците ја одржаа 8 редовна седница на Советот на Општина Делчево на која го усвоија Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Делчево за 2022 за периодот од 01.01.2022 до 31.03.2022.

Извршувањето на буџетот на општина Делчево за првиот квартал 2022 година, изнесува 25% односно од вкупно планираните приходи во износ од  286.088.378 ден.  за првиот квартал односно за првите три месеци во годината, се реализирани  71.496.344 денари.

Од нив, во Oсновниот буџет, од планирани 97.117.000 реализирани се 23.611.978 ден. или 24,3%.

На Седницата е донесена и Одлуката со која се дава приоритет и се утврдува намената на проектот  РЕГУЛАЦИЈА НА КОРИТОТО НА РЕКА БРЕГАЛНИЦА ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ НА ГРАД ДЕЛЧЕВО НИЗВОДНО– фаза 2“ кој ќе биде поднесен до Министерството за локална самоуправа, а по Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2022 година од корисниците на средствата. Проектираната инвестиција со вклучен ДДВ изнесува 11.004.545 денари. За реализација на проектот во должина од 500 метри е потребно да се обезбеди  учество од Буџетот на Општина Делчево од 20%.

Советниците дадоа приоритет и на проектот Реконструкција на локален пат Л-14 Делчево – с.Стамер – Општина Делчев– прва фаза кој  ќе биде поднесен до Министерството за локална самоуправа, Биро за регионален развој во рамките на  Програмата зa рамномерен регионален развој за 2022 со индикативно планирани средства за 2023 година, Проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби. Проектираната инвестиција со вклучен ДДВ изнесува 5.732.947,40 денари.

За реализација на проектот во должина од 1300 метри потребно е да се обезбеди  учество од Буџетот на Општина Делчево во висина од 10%.

На Седницата, усвоени се и: Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Источен плански регион за 2021-2026, како и Годишниот извештај за рзботењето на Центарот за развој на Истечен плански регион за 2021 година со Годишен финансиски извештај за 2021 година; Извештајот за работата на ЈКП „Брегалница“-Делчево за 2021 година; Годишната сметка на ЈКП „Брегалница“-Делчево за 2021 година; Донесена е и Одлука за ослободување од плаќање надомесок за уредување градно земјиште за добивање одобрение за градење Фотоволтаична централа на терен со капацитет цца 250 KW лоцирана на К.П.бр.118, 119,120/2, 121/4, 126/1, 127/3, 128/1, 129 и 130/1, КО Тработивиште во општина Делчево; Донесени се и неколку одлуки од областа на урбанистичкото планирање, како и Одлука за изменување на одлуката за доделување на стипендии на одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ Делчево. Исто така е донесена и Одлука за одобрување финансиски средства во висина од 15.000  ден. на Петар Богдановски од Делчево, како  поддршка на неговото учество на Европското првенство во бодибилдинг и фитнес кое ќе се одржува од 5 до 9 мај во Санта Сузана, Шпанија.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст