15 стипендии за студирање на Универзитетот за туризам и менаџмент- Скопје

Делегација од Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, предводена од ректорот, д-р Аце Миленковски, денеска, во просториите на Општина Делчево оствари работна средба со градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски на која беше потпишан Меморандум за соработка, во интерес на развој на туризмот, образованието и науката.

Потпишувањето на овој меморандум, означува почеток на меѓусебната соработка помеѓу овие две институции, во насока на партнерство при аплицирање на проекти, организација на настани од заеднички интерес, подобрување на капацитетите на вработените во општината и целосна поддршка на Општина Делчево во насока на развој на туризмот, науката и образованието.

Во рамки на посетата, градоначалникот Трајковски и ректорот Миленковски разговараа за состојбите на локално, но и на централно ниво, за начинот на унапредување на образовните процеси, мотивирање на студентите на учење и развој, при што во духот на добрата соработка, ректорот Миленковски врачи ваучер со 15 стипендии за додипломски студии, наменети за жителите на Општина Делчево.

На општината и се доделени 15 стипендии за упис на додипломски студии во академската 2022/23 година, за четиригодишни студии, со целосно покриени трошоци за студирање на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, кој ги нуди следниве студии : економски факултет, факултет за туризам, меѓународен маркетинг, човечки ресурски , информатика и претприемништво. Условите и критериумите под кои општината ќе ги додели овие стипендии, дополнително на транспарентен начин ќе бидат утврдени.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст