Реконструкција на критичниот дел на ул „Острец“

Во тек се градежните работи за реконструкција и проширување на критичната кривина на ул „Острец“ која е главна сообраќајница во населбата Трети реон во Делчево. Во моментов се гради потпорен ѕид во должина од околу 30 метри и висина до 2, 5 метри, по што согласно со планираниот проект, ќе следува проширување на коловозот и изградба на тротоар.

Со оваа интервенција ќе се подобри безбедноста на учесниците во сообраќајот, но ќе се обезбеди и соодветен пристап на противпожарни и амбулантски возила со што се одговара на приоритетите на жителите од населбата, но и на сите граѓани.

Реконструкцијата на оваа улица е дел од големиот инфраструктурен проект кој се преализира преку МТВ и Светска банка, вреден околу 800.000 евра. Во рамките на проектот, во првата фаза се реконструира и гради инфраструктура во должина од 6.1 км., односно завршена е реконструкцијата на две клучни сообраќајници во населбата Ново Делчево, „Скопска“ и „Орце Николов“, со вкупна должина од 750 м, а интензивно се работи и на изградба на патот Делчево-Тработивиште во должина од 5,3 км со што се добива уште една сообраќајница која овозможува полесен пристап до селата Тработивиште и Разловци, односно се гради уште една патна алтернатива за овие две села во Делчево.

Градежните работи ги изведува фирмата БИТЕМ ДООЕЛ Скопје.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст