Кампања „Да научиме да се заштитиме од пожари“

  • Новости

Во Делчево денеска се реализираше Кампањата „Да се научиме како да ги заштитиме шумите од пожари”. Кампањата е дел од активностите на Дирекцијата за заштита и спасување во соработка со Општина Делчево, а целта е да се подигне свеста кај населението за намалување на заканите од шумски пожари.

Кампањата се спроведува преку презентации и распределување промотивни материјали за подготвеност, заштита и спасување од пожари.

Таргет на оваа кампања се граѓаните, а освен вработените на ДЗС во активноста учествуваа вработени на ТППЕ Делчево и претставници на ЕЛС Делчево.

Shares