ЈАВЕН КОНКУРС за Избор на најубаво уреден двор во Општина Делчево за 2022 г.

Bрз основа на Програмата за односи со јавноста и промоција на Општина Делчево (09-153/1 од 25.01.2022), Општина Делчево распишува

ЈАВЕН КОНКУРС

за Избор на најубаво уреден двор во Општина Делчево за 2022 г.

 

Општина Делчево ги повикува граѓаните да учествуваат во изборот за најубаво уреден двор за 2022 г. и доколку ценат дека дворот пред нивната семејна куќа, станбена зграда или фирма заслужува да учествува во изборот, да поднесат Пријава во рамките на Јавниот конкурс најдоцна до  01. 07.2022 г.

Со овој Конкурс, Општина Делчево ќе  избира најубаво уреден двор во две категории:

1.       Индивидуално домување;

2.       Колективно домување или институција и стопански објект.

За најубаво уреден двор, предвидени се следните награди:

1.      Во категоријата –Индивидуално домување: прво место 10.000 ден; второ место 3.000 ден. и трето место 2.000 ден;

2.      Во категоријата колективно домување и стопански субјект наградата е 10.000 ден за најубаво уреден двор.

Разгледувањето на пристигнатите пријави и изборот на дворовите го врши соодветна Комисија формирана од градоначалникот на Општина Делчево, составена од претставници на вработените во Општина Делчево и ЈКП „Брегалница“-Делчево.

Пријавувањето се врши со пополнување Пријава, во Архивата на Општина Делчево, секој работен ден од 7.30 ч до 15.30 ч. или со електронски пополнета пријава на веб-страницата (delcevo.gov.mk).

Конкурсот ќе трае од 18 мај до 01 јули 2022 година.

Shares