Избран шеснаесеттиот брачен пар на Пијанечко-Малешевската свадба.

Горанчо Костадинов и Елеонора Мирчовска се зетот и невестата на 16-та Пијанечко-Малешевска свадба, како придружна манифестација на традиционалниот меѓународен фестивал „Делчево фест“.

Младоженецот Горанчо Костадинов (34) е по потекло е од селото Истевник, Делчевско, невестата Елеонора Мирчовска (26) од селото Русиново, Беровско, а двајцата се на привремена работа во Австрија.

Младоженците ќе бидат промовирани во рамките на Манифестацијата „Делчево фест“ 2022 – 46-ти Меѓународен музички фолклорен фестивал и 16-та Пијанечко-малешевска свадба во функција на туристичка понуда на регионот, информираа од КУД „Гоце Делчев”.

-Придружната манифестација Пијанечко – Малешевска свадба во функција на туристичка понуда на регионот има за цел да ја оживее и зачува свадбарската традиција што се практикувала во дамнешните времиња. Обичаите и песните во овој регион кои се мошне специфични и интересни од фолклорен и етнолошки аспект. На овогодишната манифестација/фестивал ќе настапат 15 друштва од Македонија и 5 странски друштва, а главни личности на промоцијата ќе бидат Горанчо и Елеонора, рече Реџепов.

Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ манифестацијата ја организира во соработка со соседните општини и здруженија од областа на културата. Покровител на „Делчево фест“ е градоначалникот на Општина Делчево, а поддржувач Министерство за култура на Република Македонија.

Програмата на „Делчево фест“, е дел од Националната програма за 2022 година на Министерство за култура, а главната имплементација ќе се одржи на 10 септември во Делчево – летна сцена во градскиот парк.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст