Десетта редовна седница на Советот на Општина Делчево

Советот на Општина Делчево ја одржа 10-та редовна Седница на која се расправаше по една точка од предложениот Дневен ред за Седницата: избор на командир на Полициската станица од општа надлежност Делчево.

На листата на кандидати предложени од министерот за внатрешни работи беа: Аце Атанасов, со високо образование и со работно искуство во полицијата од 17 години, Александар Мицевски со високо образование и со работно искуство во полицијата од 16 години и Лилјана Даневска-Богдановска со високо образование и со работно искуство во полицијата од 30 години. По кратката расправа на која се разгледуваше и можноста за тајно гласање, советниците од Советот на Општина Делчево од понудените тројца кандидати не избра командир на ПС од општа надлежност.

Согласно со законските процедури, претседателот на Советот, Гоце Попов, испрати известување до МВР во кое е нагласено дека ниту еден кандидат од предложената Листа не го доби потребното мнозинство гласови.

Законските процедури предвидуваат, министерот повторно да предложи и до Советот да достави нова листа со тројца кандидати за командир на ПС, а ако повторно не се избере командир на ПС, тогаш министерот во консултација со Владата ќе го избере командирот на ПС од двете листи на кандидати, како и од листата на дополнителни тројца предложени од Советот на Општината.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст