Програмата Ромактед 2 претставена во Делчево

Во Делчево се одржа работна средба помеѓу преставници на Институционалната работна група, Општинската работна група и Локалната акциска група во рамки на Програмата РОМАКТЕД II Промовирање добро управување и зајканување на Ромите на локално ниво“ финансиски поддржан од Советот на Европа и Европската Унија чиј потписник преку Меморандум за разбирање е и Општина Делчево.

Целта на работната средба беше разгледување на нацрт верзијата на Заедничкиот план и Ковид 19 акцискиот план.

Во рамките на Програмата која ќе се спроведува на територијата на Општина Делчево до крајот на 2024 година ќе бидат финансиски поддржани четири гранта со вкупна вреднот од околу 19.000 евра и тоа: реконструкција на три училници во ПУ „Св.Климент Охридски“ во с.Тработивиште во висина од 10.000 евра; докомплетирање формално средно образование кај три лица возрасни Роми и нивно вработување во локални фирми; спроведување туторска настава по македонски јазик и математика за најслабите 30 ученици Роми кои се вклучени во 2, 3, 4 одделение во основното образование, а кои покажуваат низок образовен успех како последица на КОВИД 19; изготвување стратегија и акциски план за Општина Делчево за раководење со ризци и природни непогоди со цел овозможување стратешки сиситем за менаџирање на евентуални и слични ситуации како КОВОД 19 и ублажување на последиците кон загрозените групи на граѓани како што се и Ромите.

Во рамките на спроведувањето на Програмата во наредниот период ќе се изработат и клучни документи кои се однесуваат за ромската етничка заедница согласно со Националата Стратегија за инклузија на Ромите во РСМ 2022-2030 година, локални акциски планови во областите на домување, вработување, образование, здравство и антидискриминација кои, како и претходните години се усвојуваат од страна на Советот на Општина Делчево.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст