Стипендии за првенците на генерација во делчевските училишта

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска ги додели решенијата за општински стипендии на првенците на генерацијата 2021/2022 година од трите образовни институции во Делчево. Со општинска стипендија се стекнаа учениците: Матеја Златкова од СОУ „Методи Митевски Брицо“, од ООУ„ Ванчо Прке“, Вања Ѓеорѓиевска и од ООУ„Св.Климент Охридски“ Марија Салтировска.

Првенците на генерацијата од основните училишта ќе добиваат по 2.000 денари, а првенецот на генерацијата од СОУ „М.М.Брицо“ по 3.000 денари за период од 9 месеци за учебната 2022/2023 година.

Инаку, Општина Делчево во континуитет доделува стипендии на талентирани ученици со цел да го награди нивниот успех, но и да ги мотивира учениците да постигнуваат подобри успеси на полето на образованието и знаењето.

За учебната 2021/2022 г., Општина Делчево додели и 19 стипендии на одлични ученици и студенти, од кои 18 стипендии се за средношколци кои аплицирале на Конкурсот во две категории, а една е студентска стипендија. Исто така, се доделува и наградно патување на 10-те најдобри матуранти од СОУ „М.М.Брицо“., а се доделува и еднократен надоместок во висина од 3.000 ден на сите првачиња кои се запишани во делчевските основни училишта. Исто така, по повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април, се доделуваат три парични награди на одлични ученици од ромска националност. Минатата година по овие основи од Буџетот на Општина Делчево се исплатени над 900 илјади денари.

0Shares
0