Општина Делчево го распиша традиционалниот Конкурс за доделување Седмосептемвриска награда

  • Новости

Од 12 јули, па до 10 август трае Конкурсот за општинската наградата која се доделува по повод денот на Општината, 7 Септември.

Општинската наградата се доделува на физички и правни лица од Општина Делчево и од Република Северна Македонија, како знак на општествено признание за особени постигнувања од областа на стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзината афирмација во Република Северна Македонија и во светот. Наградата за физички лица се состои од плакета  и паричен износ во износ од 20.000 ден , а наградата за правно лице  се состои од  плакета.

Право да предлагаат кандидати за наградата имаат правни и физички лица со седиште, односно живеалиште на подрачјето на Општина Делчево. Предлогот мора да биде образложен и потпишан од предлагачот, а кога се однесува на поединци, група творци или ученици, односно студенти, треба да се приложи и кратка биографија.

Предлозите за кандидати се доставуваат до архивата на Општина Делчево, за Комисијата за доделување награди и признанија на Општина Делчево, со назнака Предлог кандидат за доделување општинска награда”.

Shares