Поздрав од Кушадаси од најдобрите делчевски матуранти

Десетте најдобри матуранти од делчевската гимназија  летуваат во познатото туристичко место во Турција на брегот на Егејското Море, Кушадаси. Утрово, тие испратија фотографии и поздрави до делчевци, при што истакнаа дека максимално го искористуваат заслужениот одмор за дружење и забава и уживаат во убавините на приморскиот град Кушадаси.

Кушадаси е дестинацијата која ја одбраа најдобрите десет матуранти од СОУ „М.М.Брицо“ како награда од Општина Делчево за постигнатите одлични резултати во текот на средношколското образование. Патувањето го организираше  туристичката агенција „Вардар експерс“, а за оваа намена-наградно патување на десетте најдобри матуранти, Општина Делчево издвои од Буџетот, 354.000 ден.

0Shares
0