За прв пат асфалт неколку улици во Делчево

Денеска за прв пат доби асфалт улицата зад станбените згради на ул „Кеј на Брегалница“ во населбата Трети Реон со што финализираше изградбата на оваа улица. Со ставањето асфалт на оваа улица се стави и крај на долгогодишните проблеми на жителите кои досега, за да стигнат до своите домови чекореа по земја и кал.

Изградбата на оваа улица е дел од инфраструктурниот пакет за изградба на улици финансиран од Буџетот на Општина Делчево во износ од 12.000.000 денари. Во рамките на овој пакет инфраструктурни проекти, веќе за утре се најавува асфалтирање на ул. „Грозданец“ во населбата Стар Расадник во должина од 200 метри, а во првата фаза ќе се работи и на изградба на  потпорен ѕид на ул. „Маршал Тито“ и потпорен ѕид на ул. „Острец“ во должина од 33 метри, а започнати се работите и за изградба на две улици во населба Басарица со вкупна должина од околу 100 м.

Изведувач на работите за изградба на општински улици е ОСД „Кирил“ од Скопје.

0Shares
0