Во Делчево во тек е обележување на хоризонталната сигнализација на сообраќајниците што претставува редовна активност на Општина Делчево, кога станува збор за одржување на хоризонталната сигнализација, со што се обезбедуваат услови за безбедно користење и употреба на улиците од страна на сите учесници во сообраќајот со што директно се влијае на зголемување на безбедноста во сообраќајот во Делчево.
Со оваа активност ќе биде опфатена вкупна површина од околу 2000м2, а ќе се обележуваат осовински линии и линии водилки, стрелки, сообраќајни острови, пешачки премини со стоп– линија, ознаки на коловозот итн., на дел од улица „Маршал Тито“, „Светозар Марковиќ“, „Методи Митевски- Брицо“, „Питу Гули“, Булевар „Македонија“ и „Никола Јонков Вапцаров“.
Изведувач на работите е „ВИА СИГНАЛ“ ДООЕЛ Скопје со кој Општина Делчево има склучено договор за јавна набавка на услуги „Одржување хоризонтална сигнализација“.