Јавен повик за учество во пинг- понг турнир

  • Новости

Локалниот совет на млади со поддршка од Општина  Делчево организира пинг понг турнир во машка и женска конкуренција којшто ќе се одржи на 07.09.2022 година со почеток во 17 часот во спортската сала кај СОУ „М.М.Брицо“.

Сите заинтересирани млади лица на возраст од 15 до 29 години може да се пријават на facebook- страницата „Совет На Млади Општина Делчево“ или на телефонските броeви  070/251-190, 071/269-833 и 076/495-887, најдоцна до 06.09.2022 година. За учество на турнирот не се плаќа финансиски надоместок.

Учесниците ќе бидат организирани во категории во зависност од бројот на пријавени натпреварувачи.

За победниците на турнирот се предвидени награди од страна на Општина Делчево.

Shares