Во Делчево се играше фудбал во рамките на Европската недела на спортот

  • Новости

Во рамки на одбележувањето на Европската недела на спортот  во дворот на ООУ „Ванчо Прке“ се одигра фудбалски натпревар помеѓу учениците од двете основни училишта. Оваа активност се реализираше како дел од проектот EWoSBEAST што го спроведува Агенцијата за млади и спорт , а е финансиран од Европската Унија. Фокусот на овој проект е обезбедување можности за сите да бидат активни преку спортски активности, особено на локално ниво, бидејќи активирањето на младите е сериозен предизвик со кој се соочуваат и многу други  земји низ цела Европа, дури и пред пандемијата COVID 19. Огромното влијание на пандемијата врз спортската активност го промени начинот на организирање на спортските и рекреативните активности, но во исто време покажа и колку е важен спортот за физичкото и менталното здравје на младите и на сите поединци.

Shares