Одржан буџетски форум

  • Новости

Во пресрет на подготовка на Буџетот на Општина Делчево за 2023, денеска се одржа буџетски форум на кој активно учествуваа претставници од месни и урбани заедници, од граѓански сектор и институции.

Целта на организацијата на форумот е одредување на приоритетните проекти за реализација за наредната година детектирани од граѓаните, а Општина Делчево почитувајќи го гласот и мислењето на граѓаните и анализирајќи ги приоритетите на граѓаните ќе ги предвиди за реализација.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, кој го отвори Форумот истакна дека во изминатите пет години се решија децениски проблеми, но има уште доста нерешени проблеми, а ова е форма преку која се слушне гласот на граѓаните.

– За мене како градоначалник е многу важно партнерството меѓу граѓаните и Општината, граѓанското учество во сите сфери од живеењето, бидејќи ние сме овде за вас, работиме во ваш интерес, а , секако, на општината, главната улога е сервис на граѓаните. Сведоци сте дека во изминатите изградивме многу и решивме децениски проблеми, одговоривме на вашите приоритети: изградивме капела, пешачки мост, во полн ек е изградбата на пречистителна станица за вода за пиење, реконструкцијата на водоводната мрежа и замена на старата дотраена азбестна инсталација со нова пвц-инсталација со што го решаваме проблемот со квалитетот на водата за пиење; во завршна фаза е изградбата на новиот современ градски пазар; паралелно градиме и реконструираме улици; знаете дека прв пат асфалт доби населбата Басарица, истакна Трајковски.

Тој додаде дека секоја година во Буџетот се предвидуваат средства за реализација на најразлични програми, како програмата од областа на заштита на животната средина, од областа на културата, програма за односи со јавноста и промоција на општината, програмата за родова еднаквост, средства за поддршка на реализација на проекти на граѓанските и спортските клубови и сл.

Во рамките на процесот беа презентирани актуелните и планираните проекти на Општина Делчево, како и предлог-рамката на Буџетот за 2023 година, а во вториот дел од Форумот, учесниците поделени во тематски групи ги претставуваа своите приоритети.

Shares