Делчево подготвено за одбележување на Водици

  • Новости

Во Делчево привршуваат подготовките за чествувањето на православниот христијански празник Св. Богојавление-Водици. Почитувајќи ја традицијата, четврток, 19 јануари, празнувањето ќе започне во градската црква Успение на пресвета Богородица” со света литургија во чест на празникот која ќе започне во 8.00ч.

Светата литија ќе започне во 10.30 часот од градската црква во Делчево до мостот на реката Брегалница, каде ќе биде донесен светиот крст, по што во 11.00ч. ќе се одржи церемонијата за осветување на водите на река Брегалница. Согласно со информацијата од делчевската црква, досега се пријавени 20-момчиња кои ќе се фрлаат во водите на река Брегалница по светиот крст.

Инаку, по традиција, по чинот на осветување на водите, светиот крст ќе биде положен пред иконостасот во градската црква Успение на пресвета Богородица” во Делчево.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, на среќниот пронаоѓач на крстот во водите на река Брегалница ќе му додели ваучер во износ од 10. 000 денари. Од страна на Црквата во Делчево ќе биде доделена света икона со ликот на Господ Исус Христос, додека фирмата „Зегин“, како општествено одговорна компанија оваа година ќе додели ваучер во висина од 200 евра од Техномаркет.

По повод празникот во градскиот парк ќе биде организирана прослава од локални угостители, а во чест на празникот делчевската фирма „Брегал“ ќе донира 50 литри вино.  

Shares