Покана за одбележување 151- годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

  • Новости

По повод одбележувањето на 151 -годишнината од раѓањето на великанот, визионерот и револуционерот Гоце Делчев, Општина Делчево организира пригодна програма.

По тој повод, Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани да присуствуваат на настаните и да оддадат почит кон ликот и делото на патронот на Делчево, Гоце Делчев.

Програма

3.2.2023 (петок)

13.00ч -промоција на монографијата „Дејноста на МРО во Пијанец од создавањето до крајот на Илинденското востание од авторот Спириндон Митевски. (организација на Општина Делчево и ЈЛБ „Илинден“- Мултифункционален центар во Спомен-дом АСНОМ).

4.2.2023 (сабота)

10.00ч-  положување свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев

          – реферат за животот и делото на Гоце Делчево (КУД „Гоце Делчев“)

Shares