Локална дискусија за Националната стратегија за млади 23-27 во Делчево

  • Новости

ММБрицо

Во Делчево на 13 март 2023 година во Конгресна сала во СОУ „М.М.Брицо“ Делчево, со почеток во 10.00 часот ќе се одржи локална дискусија за Националната стратегија за млади 23-27, како дел од втората фаза од консултативниот процес при креирање на новата Национална стратегија за млади кој е значаен документ за младите.

Настанот е во организација на Агенцијата за млади и спорт и поддржувачите на процесот, Програмата за развој на Обединети нации – УНДП, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Фондот за население на Обединети нации – УНФПА.

На настанот се очекува присуство на сите  заинтересирани млади од Делчево и од регионот и активно учество со што ќе се даде придонес во изготвувањето на овој стратешки документ за младите.

Првата драфт верзија на текстот на НСМ е објавена на веб –страницата на Агенцијата за млади и спорт, а во текот на неделата, текстот ќе биде прикачен и на ЕНЕР.

Во периодот којшто следува се очекуват коментарите од онлајн консултациите, а воедно, се продолжува и со јавни дискусии на локално ниво.

Драфт верзијата на стратегијата може да ја најдете на следниот ЛИНК

Shares