Се реконструира водоводната мрежа на ул „Острец“

  • Новости

Продолжува реконструкцијата на старата водоводна мрежа во населбата Старо Делчево со која се заменува старата дотраена азбестна водоводна мрежа со нова пвц-инсталација во должина од 800 метри. Деновиве започнаа работите за реконструкција на водоводната мрежа на ул „Острец“, каде е предвидено да се реконструираат околу 400 метри од водоводната линија.

Претходно се работеше на реконструкција на водоводната мрежа на ул „Ванчо Прке“ и ул „Солунска“, а континуирано екипи на ЈКП „Брегалница“ вршат приклучок на домаќинствата на завршените лини од главната мрежа.

Проектот се реализира со финансиска поддршка од МТВ во износ од 3,1 милион денари, а градежните работи ги извршува фирмата „ПАНЕЛ-М’ од Тетово.

Shares