Ќе се реконструира дел од училиштето во Тработивиште

  • Новости

Седумдесет години старата училишна зграда во с. Тработивиште ќе се реконструира преку Програмата РОМАКТЕД фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво.

 Општина Делчево денеска ја објави Јавната набавка за „Реконструкција на одредени делови во ООУ ,,Св.Климент Охридски село Тработивиште во рамки на РОМАКТЕД фаза 2, „Промовирање добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“. За реализација на набавката се oбезбедени финансиски средства од Совет на Европа и од Европска Унија во висина од 14,935.58 евра, односно 1.000.000,00  денари без вклучен ДДВ.

Договорот за јавна набавка ќе се додели со спроведување постапка со објавување Оглас за набавка од мала вредност. Економски најповолна понуда се утврдува врз основа на цената. Доколку се исполнети законските услови ќе се одржи еаукција на електронскиот систем за јавни набавки. Јавното отварање ќе биде на електронскиот систем на 04.04.2023 година со почеток во 9 часот.

Согласно проектот се планира адаптација на три училници, санитарни јазли и приклучок на фекална канализација. Целта на реализација на проектот е подобрување на условите за работа во училиштето.

Инаку, ПОУ „Св.Климент Охридски“ во с. Тработивиште е изградено во 1954 година и од тогаш има континуирана настава во училиштето, каде моментално учат 33 ученици од кои 17 се од ромска етничка заедница.

Shares