Априлијада во Делчево

  • Новости

Стотина маски, плод на детската фантазија и соништа денеска го обоија Делчево во знакот на Меѓународниот ден на шегата и традиционалната „Априлијада“.

Обединети во „Априлијадата“ низ градот продефилираа принцези, пчели, самовили, најразлични животни и ликови од детските бајки. Годинава домаќини на „Априлијадата“ беа ученици од ООУ „Ванчо Прке“, а освен учениците од ова училиште свој настап имаа и ученици од ООУ „Св.Климент Охридски“ и дечињата од детската градинка „Весели цветови“.

Организатор на настанот е Општина Делчево со поддршка на НУЦК „Н.Ј.Вапцаорв, ЈЛБ „Илинден“.

Shares