Јавна покана за традиционалната „Велигденска изложба 2023“

  • Новости

Општина Делчево Ве поканува да земете учество на традиционалната Велигденска изложба на творби“ која ќе се одржи на  13.04.2023 година, четврток, на платото пред Спомен– домот АСНОМ, Делчево со почеток во 12.00 ч.

И оваа година, очекуваме да Ве водат креациите во аранжирањето на штандовите, а потенцираме дека во рамките на манифестацијата ќе се одржи традиционална велигденска изложба на јајцаликовна изложба на дела од ученици од локалните училишта на тема Велигден, како и други креации поврзани со празникот. Бидејќи, на Велики четврток по традиција останало да се вапцуваат велигденските јајца, ова е одлична прилика да ја покажете Вашата умешност на дело, но и да бидете хумани, затоа што собраните приходи ќе бидат наменети во хумани цели. 

Прославата по повод големиот христијански празник Велигден, традиционално се организира во соработка со образовните институции во Општината, детската градинка „Весели цветови“ и здруженија на граѓани и локални институции.

За најдобрите творби, Општината обезбедува парични награди. За првонаградената творба износот е 3.000 денари, второнаградената ќе освои 2.000 денари, а третата награда е во износ од 1.000 денари.

Пријавување на заинтересираните за учество на настанот во Општина Делчево (контакт: тел 033/411-550, email info@delcevo.gov.mk)

Shares