Велигденско украсување на Делчево

  • Новости

Со велигденски декорации и реквизти, ЈКП „Брегалница“ ги украси јавните површини во централното градско подрачје во пресрет на велигденските празници. Како што информираат од претпријатието, велигденски декорации се поставени на тревната површина кај Стопанска банка, црквата „Св.Кирил и Методиј“ и кај споменикот на Гоце Делчев кај семафорите.

Освен, поставување на декорациите се врши и одржување на тревните површини. Воедно, екипи на претпријатието работеа и на култивирање на нова парковска површина околу новиот градски пазар, каде на 3000 м2 беше засеана парковска трева.

Оваа активност придонесува за оплеменување на просторот околу новиот градски пазар, каде се предвидуваат и други хортикултурни содржини.

Shares