Започна акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023“

  • Новости
Во Делчево во тек е акцијата за чистење на отпад насловена „Генералка викенд 2023“,
синхронизирано на повеќе локации во градот се чисти отпадот. Во акцијата се вклучени
вработените во Општина Делчево и волонтери од Црвен крст – Општинска организација
Делчево кои чистеа на локација во близина на с. Очипала. Учениците од ООУ „Ванчо
Прке“ и ООУ „Св. Климент Охридски“ ги чистеа училишните дворови и просторот околу
самите училишта.
Целта на оваа еколишка акција која се реализира од 12.-14. Мај 2023 година во 53
општини е да има двоен ефект во заштитата на природата. Со пролетниот дел од оваа
акција планирано е да се собере отпадот од голем број локации ширум земјата, а со
есенскиот целта е да се придонесе за збогатување на шумскиот фонд.
На ваков начин се продолжува реализиацијата на платформата „Свет без отпад“ и иницијативата за намалување на CO2 во атмосферата.

Shares