Генерацијата матуранти 2019/2023 од делчевската гимназија СОУ„М.М.Брицо“вечерва ја прославуваат својата матура

  • Новости

Генерацијата матуранти 2019/2023 од делчевската гимназија СОУ„М.М.Брицо“вечерва ја прославуваат својата матура. Традиционално, прославата на матурата започна со дефилето на матураните низ центарот на Делчево што го проследија голем број граѓани кои заедно со нив се радуваа на генерацијата која чекори во иднината исполнета со многу соништа и амбиции.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски во своето обраќање пред матураните испрати порака со која ги повика матурантите да ја градат иднината во родното Делчево.

– Матурата е почеток на нов период од вашиот живот во кој ќе чекорите како млади и одговорни поединци. Продолжете со своите амбиции и соништа, бидете упорни и одговорни поединци и гордо чекорете во животот. Образованието што го стекнавте во текот на школувањето треба да ви биде основа за иднината, а незаборавните ученички денови и пријателства да ве држат цврсто во животот и да ви останат како аманет за едно другарство кое ќе ве следи целиот живот. На сите вас, ви го честитам матурирањето, Ви посакувам да имате убава незабораван матурска вечер, рече Трајковски.

Трајковски на најдобрите 10 матуранти од СОУ „М.М.Брицо“ им додели награди во вид на наградно патување низ Европа, а доделувањето на оваа награда е со цел да се поттикнат учениците да постигнуваат одлични резултати во текот на нивното школување.

Комисијата од СОУ „М.М.Брицо“ за најдобри матуранти ги прогласи:

1. Ана Телетанска, која е и првенец на генерацијата;
2. Давид Михаиловски
3. Ева Ристовска
4. Александра Попова
5. Елена Ангеловска
6. Љупка Тодоровска
7. Ерика Стоименовска
8. Христина Петровска
9. Фросина Јовановска
10. Деника Спасевска

Годинава во СОУ „М.М.Брицо“ завршуваат 109 матуранти.

Shares