27 Регионални пензионерски спортски игри во Делчево

  • Новости

Денеска во Делчево се одржуваат 27 по ред Регионални спортски игри. На спортските игри учествуваа пензионери од пензионерските здруженија од 6 градови од Источна Македонија. Пензионерите од Делчево, Берово, Пехчево, М. Каменица, Виница и Кочани се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини. На свеченоста по повод отворањето на игрите присуствуваше градоначалникот Горан Трајковски,  како и претседателката на Сојузот на пензионерите, Станка Трајкова.

Градоначалникот Трајковски истакна дека регионалните спортски игри се еден убав пример дека спортот, натпреварувачкиот дух и  волјата да се постигнуват резултати, се движечка сила на секој поединец, посебно, кога станува збор за луѓето од третата доба.

–       Почитувани пензионери, вие денеска на дело ќе покажете дека спортот и здравите навики во секојдневното живеење треба да се редовна практика. Вие и денеска сте пример за помладите генерации. Вашиот ентузијазам, е за восхит, почитувани наши пензионери, а наша обврска е да дадеме придонес во реализацијата на вашите активности и да создаваме услови за подобар квалитет на животот на нашите пензионери. Ви посакувам успешни спортски игри, убав престој во нашето убав Делчево  и нека победат најдобрите, истакна Трајковски.

Регионалните спортски натпревари се во организација на Сојузот на здружението на пензионери и домаќинот Здружението на пензионери од Делчево. Игрите се одржуваат на неколку локации во зависност од дисциплината. На градскиот стадион ќе има натпревари во атлетика, дел ќе се одржуваат во спортската сала на СОУ „М.М.Брицо“, а дел во просториите на Здружението, каде што се игра шах, домино, пикадо исл.

Најдобрите од портските игри во Делчево ќе учествуваат на Републичките спортски игри на пензионерите.

Shares