Јавен повик за пријавување штети од природна непогода од поплави и град

СЕ ПОВИКУВААТ граѓаните на Општина  Делчево кои имаат материјална штета предизвикана од невремето кое ја зафати Општина Делчево на ден 08.06.2023 година, да поднесат пријава за проценка на штета во Општина Делчево – Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди (поплава), најдоцна до 23.06.2023 година.

Образецот на пријавата за штета можат да го подигнат од Eдношалтерската канцеларија во Oпштинта или да го симнат од веб-страницата на Општина Делчево.

Кон пријавата во прилог да приложат:

·         копија од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од подносителот на барањето;

·         копија од трансакциска сметка

·         Пријава (Архива или од веб-страницата delcevo.gov.mk)

·         Изјави за штети ( Архива или веб-страницата на Општина Делчево)

Пријавувањето може да се врши во период од 10 дена, односно до 23.06.2023 година, секој работен ден од 7,30 ч до 15.30 ч.

За дополнителни информации може да се обратите кај Кире Цоневски, тел бр.078705513.

Shares