Интензивно се работи на санација на штетите од невремето

  • Новости

Екипи на ЈКП „Брегалница“ и на ТППЕ Делчево деновиве интензивно работеа на санирање на последиците од невремето коешто го зафати на Делчево на 8 јуни.

Изминативе денови ТППЕ Делчево вршеше испумпување вода од дворовите и подрумските простории во населба „Пролет“, во погоните на АД Фротирка-Компани, Фондот за здравство, на ул „Маршал Тито“, крак од бул „Македонија, ул „Рударска“, ул „Никола карев““,„Кирил и Методиј“, ул „Григор Прличев“, „Крушевска„, ул „Индустриска“ и други објекти. Исто така, се вршеше прочистување на атмосферската и канализациската мрежа и перење на улиците „Маршал Тито“, „Царевоселска“. Интервенциите се вршеа со соодветна опрема и 12 пожарникари

ЈКП „Брегалница“ со две градежни машини, 2 трактори, камион, комунални возила интензивно работеа на расчистување на последиците од невремето. Екипите работеа на расчистување на наносите од камења, песок и кал; оспособување на патиштата за непречено одвивање на сообраќајот во населба „Пролет“, бул. „Македонија“, ул. „Индустриска“, ул. „Царевоселска“, ул. „М. Тито “ и локален пат с. Габрово, локален пат с. Полето.

Исто така, се работеше на:

–          расчистување на сообраќајниците од наноси од камења, кал и песок во Први и Трети Реон,

–          отстранување на наносите од кал и песок на ул. „М. Тито“, ул. „Царевоселска“ и бул. „Македонија“,

–          отстранување на наноси од ул. „Острец“

–          отстранување наноси од река Габровчица, рачно отстранување на наносите од кал и песок на бул.„Македонија“ и ул.„М. Тито“, машинско отсранување на наносите и чистење кал спроти хотел „Македонија“,

–          чистење на корито на одводен канал кај Трети Реон од мостот на ул.„М.Тито“ до река Брегалница,

–          чистење одводен канал во населба „Таушанско Маало“, кај ул.„8 Септември“ и ул. „4-ти Јули“,

–          отстранување на наноси од повеќе улици во Први и Трети Реон,

–           чистење на коритото на исцеден канал кај Трети Реон од мостот на ул.„М.Тито“ до река Брегалница,

–          чистење одводен канал Први Реон до река Брегалница,

–          отстранување наноси и оспособување за непречено одвивање на сообраќајот на локален пат с. Полето,

–          санирање на три пропусти и отстранување наноси од водотеци во с. Габрово,

–          санирање атмосферски канал на паралелна улица со бул. „Македонија“,

–          собирање комунален отпад нанесен од невермето на бул. „Македонија“,

–          чистење на наносите од новите врнежи на ул. „М. Тито“ и ул. „Царевоселска“,

–          чистење решетки на ул. „Царевоселска“,

–           чистење атмосферска канализација на ул. „Кеј на Брегалница“.

–          чистење на коритото на одводен канал кај Втори Реон од мостот на ул.„М.Тито“ до река Брегалница,

–          чистење на одводниот канал во населба „Таушанско маало“ кај ул.„8 Септември“ и ул. „4 Јули“,

–          отстранување на наносите од повеќе улици во Први и Трети реон,

–          приспособување проток на сообраќај кај месноста Студена чешма,

–          отстранување на наносите на ул. „Голачка“, воедно и чистење на водоводната каналицација,

–          отстранување на наносите на ул. „Разловечко востание“ и

–          отстранување на наносите на ул. „Вера Јоциќ“.

–          интервенција со градежна машина поради новите врнежи од дожд во населба Пролет

–          чистење на канализациските шахти на ул. „Григор Прличев“,

–          Чистење на канализациските шахти на ул. „Кирил и Методиј“ и

–          Отстранување на дефектот на главната водоводна линија во с. Град.

–          отстранување наноси на патот од градски гробишта до манастир „СВ. Богородица Балаклија“,

–          чисење на одводните шахти од атмосферска канализација на ул. „М. Тито“ и

–          изнесување на наносите од ул. „Вера Јоциќ“.

–          отстранување на наносите на ул. „Генерал Темпо“,

–          чистење на одводните решетки на ул. „Индустриска“ и

–          отстранување на наносите од одводен канал во круг на АД „Фротирка“

Екипи од водовод работеа на: отстранување на 2 дефекти на водоводни линии, како и на испумпување на водата од поплавени објекти во населба „Пролет“, ул. „Царевоселска“, Центар за дијализа и др. објекти.

Инаку, Комисија за проценка на штетите на терен врши увид на пријавените штети од граѓани, а  досега до Општина Делчево се пристигнати 95 пријави за штети од невремето.

Shares