Известување за дератизација на канализационата мрежа во Делчево

  • Новости

Општина Делчево ги известува граѓаните дека на ден 20.07.2023 година со почеток во 09:00 часот ќе изврши дератизација на канализационата мрежа во градот и градската депонија. Оваа мерка е во согласност со Програмата заштита на населението од заразни и други преносливи болести. Дератизацијата ќе ја изврши екипа од ЈЗУ ,,Центар за јавно здравје Кочани во соработка со Општина Делчево и ЈКП „Брегалница“ Делчево. Ќе бидат третирани 70 шахти оспоред однаред планирана динамика и методологија, а ќе биде користен соодветен препарат,,Brodisan“ кој ќе се инпутира и во градската депонија за истите цели.

Shares