„Голачките фолклорни средби“ вечерва на летната сцена во Делчево

  • Новости

Вечерва со почеток од 20 ч. на летната сцена пред Спомен-домот АСНОМ ќе се одржи новото издание од  традиционалниот меѓународен фестивал „Голачки фолклорни средби“. Поради актуелната забрана за движење во шума и опасноста од пожари, фестивалот наместо на сцената на Голак, годинава ќе се одржи на летната сцена во Делчево. Локацијата на одржувањето на фестивалот не го намалува квалитетот на понудената програма. На летната сцена ќе настапат 9 фолклорни и пејачки групи од земјава и странство, а согласно со програмата креирана од НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ на сцената презентација на фолклорна и пејачка традиција ќе имаат следните учесници:

1.ЖПГ „Ѓурѓа“ Делчево

2.Фолклорна група при НУЦК Делчево

3.Здружение на пензионери Делчево

4.КУД,,Вера Јоциќ“ М.Камница

5.Вокално -инструментална група „Елеганс“ Р.Бугарија

6.Фолклорна група при НУЦК Делчево

7.Фолклорен ансамбл „Китка “ Истибања

8.Фолклорна група „Копачка“ с.Драмче

9.Фолклорен ансамбл при Културен центар ,,Радоје Домановиќ “ Р.Србија

10.КУД „Карпош“ Старо Нагоричане

11.Фолклорна група при НУЦК,,Делчево

 

Програмата започнува со дефиле на сите учесници низ улиците во центарот на градот кое ќе започне во 19.30ч. Организатор на годинешново издание на фестивалот е Општина Делчево и НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“.

Shares