Презентиран Опреативниот план за вработување

  • Новости

Млади Роми се запознаа со можностите за вработување што ги нуди државата преку Оперативниот план за вработување што се спроведува од Агенцијата за вработување на РСМ, а во рамките на активностите  од проектот Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво кофинасиски поддржан од Програмата на РОМАКТЕД 2, од Советот на Европа и Европската Унија.

На работилницата присуствуваа млади претставници од ромската етничка заедница од Делчево и преставници на општинската работна група од Општина Делчево, а целта е младите Роми активно да се вклучат во мерките и да ги искористат можностите за вработување.

Воедно, на обуката беа презентирани и можностите што ги нуди отворањето на Младинскиот хаб, а беа споделени позитивни искуства за придобивките од веќе отворените хабови во општините Берово,Кочани,Прилеп, Битола кои веќе функционираат со поддршка на УСАИД.

Shares