Тактичко-показна вежба на ТППЕ Делчево во ООУ „Ванчо Прке“

  • Новости

Денеска во ООУ „Ванчо Прке“ се одржа тактичко-показна вежба на ТППЕ Делчево исценирана со симулација на пожар во спортската сала и евакуација на повредени лица од зградата на училиштето.

По дојавата за пожар во основното училиште, ТППЕ Делчево реагираше со 13 пожарникари, со три противпожарни возила и со професионална скала за противпожарни интервенции на високи објекти, при што беше изгаснат пожарот, евакуирани децата и вработените во училиштето, а беше извлечено и повредено лице од објектот. Во акцијата учествуваа и волонтерите од ОО на Црвениот крст Делчево.

Овие вежби се редовна практика на ТППЕ Делчево и се изведуваат со цел да се види подготвеноста и физичка и психичка на пожарникарите во услови на појава на пожар во објектите на институциите во градот, но и да се провери исправноста на опремата.

Shares