Поставени контејнери за електронски и електричен отпад

  • Новости

Денеска на 6 локации во Делчево се поставени нови садови за собирање елетричен и електронски отпад и стакло. Со оваа активност им се овозможува на граѓаните на Општина Делчево да го селектираат отпадот од домаќинствата и од деловните објекти и на тој начин да придонесат за зачувување на чиста и здрава животна средина.

Садовите за електричен и електронски отпад се специфицирани за собирање помал електронски и електричен отпад, како мобилни телефони, мали апарати за домоќинство, фенови, пегли, миксери, далечински управувачи, фотоапарати, акумулатори, кабли и сл.

Контејнерите се поставени на локации: во населбата Милково Брдо кај паркингот на ул „Питу Гули“, во населба Ново Делчево кај паркингот зад новата црква, наспроти ООУ „Ванчо Прке“,  локација на старо пазариште, кај делчевската гимназија и кај Спомен-дом АСНОМ.  Исто така, денеска се поставени уште 5 нови игло-контејнери за селекција на стакло со што досега во Делчево се поставени вкупно 10 контејнери за стакло.

Контејнерите се обезбедени во соработка со фирмата НУЛА ОТПАД ДОО Скопје која има обврска да го презема отпадот од садовите и да управуваат со него.

Целта на оваа активност е зголемување на свеста на населението за селектриање на отпадот, како и  поголема грижа за природата, да се намали загадувањето и секој да со свој личен пример да даде придонес за сочувување на животната средина и здравјето на населението.

Shares