Новогодишна честитка на градоначалникот Трајковски

  • Новости
Почитувани сограѓани,
Во пресрет на новата 2024 година, ви испраќам честитки за среќна и бериќетна нова година. Во вашиот дом да владее здравје, спокој и оптимизам и, позитивната енергија, да биде ваша водилка.
Новата година е нов почеток исполнет со магијата на споделувањето среќа која раѓа топлина и убавина. Новата година е ново поглавје во животот што чека да се напише. Нови прашања што треба да се решат, луѓе да се прегрнат и да се сакаат, нови одговори што треба да се откријат и живеат.
Во пресрет на Новата година, не треба да се заборави дека и во старата- заеднички именител на сите наши напори, како Општина и градоначалник, е работа во интерес на граѓаните.
Одговоривме максимално на предизвиците, завршивме капитални проекти кои ќе го носат потписот на нашата посветена работа и максимална ангажраност. Делчево во годината која изминува, го доби својот современ градски пазар, гордост на градот, но и на целиот регион, завршена е изградбата на пречистителната станица за вода за пиење со лабораторија, завршивме многу проекти и отпочнавме нови. Инвестициите, за две години, се историски за Делчево- над 420 милиони денари.
Но, не застануваме тука, за наредната најавуваме реализација на нови капитални инвестиции кои ќе донесат развој во сите полиња од живеењето.
Во Новата година влегуваме со нова енергија во остварување на нашите планови и програми во интерес на граѓаните и развојот на Делчево.
Наздравете за новиот почеток, за Новата 2024!
Среќна Нова година и среќен Божиќ!

Shares