Градоначалникот Трајковски ја потпиша Декларацијата за активна заштита на животната средина и ублажување на климатските промени.

  • Новости

На настан со тема Локален пристап кон активна заштита на животната средина и ублажување на климатските промени кој се одржа денеска во Скопје градоначалникот Горан Трајковски заедно со останатите градоначалници од Република Северна Македонија ја потпишаа Декларацијата за активна заштита на животната средина и ублажување на климатските промени. Настанот е дел од проектот ,,ГО во акција за климатските промени” спроведуван од Еко-свест, Македонско здружение на млади правници (МЗМП) и Организација за поврзување на природните вредности и луѓе- ЦНВП, финансиски поддржан од Владата на Шведска, во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање. Целта е да се обединат градоначалниците од општините на Р. Северна Македонија, како едни од најзначајните алки во справување со локални еколошки предизвици, но и акции во прилагодување и ублажување на климатските промени, преку потпишување на Декларацијата за активна заштита на животната средина и ублажување на климатските промени.

Декларацијата ја нагласува заедничка одговорност за заштита на животната средина, подобрување на квалитетот на животот и создавање наследство на одржливост за идните генерации. Со потпишувањето на оваа Декларација, се потврдува посветеноста за одржлив урбан развој на Делчево кое се придружува на растечката мрежа на истомисленици лидери посветени на поттикнување позитивни промени.

На настанот беа презентирани обврските на општините од Зелена агенда за Западен Балкан преку приказ за активности и можности за финансирање на локално ниво.

Shares