Делчево одбележува 152 години од раѓањето на македонскиот револуционер и идеолог Гоце Делчев

  • Новости

Делчево со пригодна свеченост одбележа 152 години од раѓањето на патронот на градот, Гоце Делчев, апостол на македонската револуционерна борба, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.

Свеченоста се одвиваше пред споменикот на Гоце Делчев во центарот на Делчево.

По повод датумот од раѓањето на великанот Делчев, 4 февруари, за животот и делото на Гоце Делчев, реферат подготвија членови на КУД „Гоце Делчев“, а пред споменикот на Делчев се поклонија и свежо цвеќе положија: делегација од Општина Делчево предводена од градоначалникот Горан Трајковски, како и претставници од Советот на Општина Делчево, претставници од институциите, политички партии, здруженија на граѓани.

Shares