Почнува со работа Центарот за услуги на ЈКП „Брегалница“

  • Новости

Центарот за корисници на ЈКП „Брегалница“ кој се наоѓа на новиот градски пазар во Делчево, ќе започне со работа в сабота, 2.03.2024 г. , а  работното време  е од 07:00- 15:00 часот .

Целта на функционирањето на овој Центар е подобрување на услугите и комуникацијата со корисниците кои можат да ги добијат следните услуги:

– плаќање сметка,

– пријавување состојба на водомер (со слика),

– вадење копија од сметка за вода,

– барање за промена на водомер,

– пријавување дефект и

– добивање инструкции за плаќање сметка и пријавување состојба преку веб- страницата на ЈКП „Брегалница“ www.jkpbregalnica.mk.

Shares