Јавна покана за традиционалната „Велигденска изложба 2024“

  • Новости

Општина Делчево Ве поканува да земете учество на традиционалната „Велигденска изложба на творби“ која ќе се одржи на  02.05.2024 година, четврток, на платото пред Спомен- домот АСНОМ, Делчево со почеток во 12.00 ч.

И оваа година, очекуваме да Ве водат креациите во аранжирањето на штандовите, а потенцираме дека во рамките на манифестацијата ќе се одржи традиционална велигденска изложба на јајца, ликовна изложба на дела од ученици од локалните училишта на тема Велигден, како и други креации поврзани со празникот. Бидејќи, на Велики четврток по традиција останало да се вапцуваат велигденските јајца, ова е одлична прилика да ја покажете Вашата умешност на дело, но и да бидете хумани, затоа што собраните приходи ќе бидат наменети во хумани цели. 

Прославата по повод големиот христијански празник Велигден, традиционално се организира во соработка со образовните институции во Општината, детската градинка „Весели цветови“, НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“, ЈЛБ „Илинден“, здруженија на граѓани и локални институции.

За време на изложбата ќе биде организиран концерт од локални артисти.

Соодветна Комисија ќе ги оценува творбите, а за најдобрите, Општината обезбедува парични награди.

Пријавување на заинтересираните за учество на настанот во Општина Делчево (контакт- лице Ванчо Новоселски, тел 070309630, email info@delcevo.gov.mk)

Shares