ИЗВЕСТУВАЊЕ за ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ШТЕТИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАСАДИ ПРЕДИЗВИКАНО ОД ПРИРОДНА НЕПОГОДА-ГОЛОМРАЗИЦА

Се информираат сите заинтересирани дека Јавниот повик за пријавување штети на земјоделски насади предизвикани од природна непогода-голомразица на територијата на Општина Делчево во месец април 2025 година продолжува од денес 16.06.2025 година, па до 30.06.2025 година.

Општина Делчево ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделските насади предизвикани од природна непогода-голомразица која ја зафати територијата на Општина Делчево во месец април 2025 година, да пријават штета на своите  насади на барања кои ќе им бидат достапни во просториите на архивата на Општина Делчево.

Покрај Барањето, секој барател треба да достави:
Копија од имотен лист
Копија од лична карта
Доказ за користење на земјиштето за насадите (Решение за запишување на земјоделското стопанство во единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ, Имотен лист, Договор за закуп на земјоделската површина – се доставува доколку земјиштето е под закуп)
Трансакциска сметка
Со потпишување на Барањето се потпишува и изјава за веродостојност на податоците и изјава за согласност за користење на личните податоци. Доколку доставените документи не се целосни, Барањето нема да се разгледува.
Пријавувањето на штетите може да се изврши во период од 16.06.2025 година до 30.06.2025 година, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Градоначалник
Горан Трајковски

Shares