Почитувани родители,
Децата како учесници во сообраќајот припаѓаат во групата на ранливи учесници и затоа е потребно да посветиме посебно внимание за нивната безбедност во сообраќајот, со акцент на зоните околу нивните училишта и градинки. Воедно, посветувајќи внимание на безбедноста во сообраќајот, сакаме да ја истакнеме и поттикнеме важноста за секојдневната употребата на немоторизиран тип на превоз при овие секојдневни патувања до училиштата и градинките. Со поттикнувањето и зголемувањето на колективната свест за користењето на немоторизиран тип на превоз, а со тоа и истакнувајќи ја важноста за безбедноста во сообраќајот, придонесуваме во зачувување на животната средина во нашиот град.
Продолжувајќи со примена на досегашната практика за добивање информации, мислења и ставови преку анкети и прашалници со кои Локалната самоуправа сака да го слушне вашето мислење и со внимание да го преиспита секој ваш предлог со кој се дава значаен придонес и насоки, а со цел креирање одржливи локални политики, програми и планови при вршење на работите од надлежност на органите на Локалната самоуправа во врска со безбедноста во сообраќајот со акцент на децата како учесници, го објавуваме овој Анкетен прашалник за кој се надеваме дека ќе најдете неколку минути да го одговорите.
Aнкетниот прашалник е достапен на следникт ЛИНК