Сите делчевски првачиња кои се запишани во двете основни училишта во Делчево во учебната 2025/26 ќе добијат по 3000 денари, еднократна поддршка од Општината. Средствата се предвидени во општинскиот Буџет и се во рамките на мерката на Општина Делчево предвидена во Програмата за социјална заштита која значи поддршка на родителите за да го подговат своето дете кое го започнува школувањето, но и мотивација на родителите да ги запишуваат своите деца во делчевските училишта.
Постапката за доделување парична помош за прваче се поведува со поднесување писмено барање до Архивата на Општина Делчево, како и потпишана изјава за користење на неговите лични податоци во постапката за остварување и користење на правото на парична помош, документи кои можат да се симнат од веб-страницата на Општина Делчево, (delcevo.gov.mk), на следниот линк. Исто така, потребна е и важечка лична карта на еден од родителите; Извод од матичната книга на родените за детето; Потврда за запишан ученик во прво одделение заверена од основното училиште;трансакциска сметка на барателот.
Барањето за остварување на правото на парична помош за прваче се поднесува во рок од три месеци од почетокот на школската година.