Заврши санацијата на регионалниот пат кон Пехчево

  • Новости

Завршија градежните работи за санација на регионалниот пат Р1302 (кон Пехчево). Овој регионален пат е целосно саниран и обновен, а проектот се реализираше со финансиска поддршка од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

  • Вложени се 20 милиони денари,
  • Поставен е нов асфалт на површина од 10.200 м²,
  • Изведувач на работите е ЈП „Македонија пат“.

Овој пат е една од најфреквентните врски на Делчево со соседните општини, а со новиот асфалт значително се подобрува безбедноста, мобилноста и квалитетот на возење за сите граѓани.

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, изрази голема благодарност до директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, за разбирањето, поддршката и континуираната соработка.

Ова е уште еден доказ дека кога локалната самоуправа и државните институции работат заедно — резултатите се видливи на терен. Продолжуваме посветено да инвестираме во патна инфраструктура — за посовремено, побезбедно и поврзано Делчево, истакна Гоцевски.

Shares