Завршена реконструкцијата на ул. „Солунска“

  • Новости

Општина Делчево ја заврши реконструкцијата на улицата „Солунска“, со што е решен долгогодишен инфраструктурен проблем за голем број семејства од населбите Втори и Трети реон. Со овој проект значително се подобрува сообраќајното поврзување и мобилноста во периферните делови на градот, а жителите добиваат поквалитетни услови за живеење.

Реконструираниот дел од улицата е во должина од 479 метри, целосно обновен со нов асфалтен слој. Вкупната вредност на проектот изнесува 3.187.590 денари, од кои:

  • 1.568.941 денар се обезбедени преку Стратегијата за Роми на Министерството за транспорт и врски,

  • 2.192.415 денари се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево.

Проектот е дел од инфраструктурната програма во рамки на Локалниот акционен план за Роми, чија реализација започна само неколку недели по започнувањето на новиот мандат.

Со реконструкцијата се овозможува подобро поврзување на жителите од Втори и Трети реон, при што се поврзуваат улиците „Ванчо Прке“, „Брегалничка“ и „Маршал Тито“.

Општина Делчево останува посветена на обезбедување квалитетна сообраќајна инфраструктура до секој дом. Изработени се планови и програми за реализација на нови инфраструктурни зафати во наредниот период, со јасна определба – ниедна населба да не биде изоставена.

Shares