Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, и секретарот на Општинската организација на Црвениот крст во Делчево, Ивана Ангеловски, денес официјално потпишаа Меморандум за соработка

  • Новости

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, и секретарот на Општинската организација на Црвениот крст во Делчево, Ивана Ангеловски заедно со  претседателката Билјана Ѓеоргиевска, денес официјално потпишаа Меморандум за соработка.

Овој документ претставува заедничка определба за унапредување на хуманитарните активности, волонтерството, крводарителството и програмите од јавен и општествен интерес во Делчево.

Генералната цел на Меморандумот

Со потпишувањето се обезбедува координирано делување меѓу Општина Делчево и Црвениот крст во областите на:

  • здравствено-превентивни програми,

  • крводарителство,

  • укажување и обука од прва помош,

  • подготовка и реакција при катастрофи,

  • промоција на хуманите вредности, волонтерството и меѓународното хуманитарно право.

Специфични цели на соработката

Соработката опфаќа развивање активности за:

  • Промовирање на крводарителството и организирање крводарителски акции;

  • Развој на програми за прва помош, обуки и превенција со цел подигање на јавната свест за здраво и безбедно живеење;

  • Реализација на здравствено-превентивни активности, кампањи и едукации за граѓаните;

  • Дисеминација на Меѓународното хуманитарно право (МХП) и едукација за вредностите на Црвениот крст;

  • Подготовка и одговор при катастрофи, преку превентивни активности, рано предупредување и јакнење на капацитетите на институциите;

  • Промоција на хуманите вредности и волонтерството во заедницата.

Заеднички иницијативи

Со Меморандумот, двете страни се обврзуваат на:

  • заедничка промоција на активностите преку веб-страници и социјални мрежи;

  • назначување координатор за институционална комуникација;

  • формирање заеднички работни групи за специфични активности кога тоа е потребно;

  • организирање иницијативи за унапредување на волонтерството, социјална одговорност и развивање корисни програми за граѓаните.


Градоначалникот Иван Гоцевски изрази задоволство од воспоставената соработка и истакна дека овој чекор претставува значајна поддршка за ранливите категории граѓани, а воедно претставува и дополнителен стимул за развој на волонтерството и хуманоста во Делчево.

Со потпишувањето на Меморандумот започнува ново поглавје на поорганизирана и продлабочена соработка меѓу Општина Делчево и Црвениот крст, во интерес на заедницата и сите нејзини граѓани.

Shares