
Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, во тек е поставување на празничната новогодишна елка и светлечките украси во централното градско подрачје.
Целта е да се создаде празнична атмосфера и убав амбиент за сите граѓани, особено за најмладите.
Општината упатува апел до сите граѓани да се однесуваат совесно и да не ги оштетуваат или уништуваат новогодишните украси и светлечката инсталација. Дел од украсите се поврзани на електрична мрежа и се под висок напон, па секое несоодветно ракување претставува сериозна опасност по безбедноста.
Дополнително, сите поставени украси се обезбедени и се под видео надзор, со цел спречување на нивно оштетување и зголемување на јавната безбедност.
Ги повикуваме сите граѓани, да покажат одговорност и да ја зачуваат празничната декорација поставена во интерес на целата заедница. Само со заедничка грижа можеме да создадеме убава и безбедна празнична атмосфера за сите.







