Завршен настан од проектот ,,Зелен баланс – локални акции за здрави заедници”

  • Новости

Зелен баланс – локални акции за здрави заедници е проект финансиран од Европската Унија, а се реализира од РЦЗ.

Како главна активност во рамки на проектот беше изградбата на урбана градина во ООУ „Ванчо Прќе“, која денес официјално е пуштена во употреба.

Урбаната градина ќе биде на располагање не само за учениците од ова училиште, туку и за останатите ученици од општина Делчево, со цел поттикнување на еколошката свест и практичното учење.

Во рамки на денешните активности беше одржан и настан за размена на автохтони семиња, при што учесниците разменија знаења за начинот на садење, кои понатаму ќе се применуваат во урбаната градина.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, кој ја истакна важноста на ваквите едукативни и еколошки проекти за младите и за локалната заедница.

Shares