
Денеска, во организација на Општина Делчево, во соработка со ЈЛБ „Илинден“ Делчево, на плоштадот во центарот на градот кај новогодишната елка успешно се реализираше прекрасен настан посветен на нашите најмлади сограѓани, нашите прекрасни дечиња. Уште од раните претпладневни часови, плоштадот беше исполнет со музика, детска смеа и креативни содржини подготвени од дечињата, под будното око на нивните наставници. На настанот присуствуваше и градоначалникот Иван Гоцевски, кој заедно со децата ја сподели празничната атмосфера и им упати поддршка и благодарност за нивната креативност, труд и искрени насмевки. Насмевките на нашите најмили дечиња се нашата најголема мотивација и надеж за иднината. Општина Делчево ќе продолжи да создава и поддржува настани кои го негуваат детскиот дух, креативноста и заедништвото.



