
Во рамки на процесот на активирање на месните заедници во Општина Делчево, во изминатиот период беа одржани состаноци во с. Разловци и с. Тработивиште, на кои беше извршен избор на нови состави на Советите на месните заедници.
Во с. Разловци беше избран нов состав на Советот на Месната заедница, а за претседател на МЗ беше избран Ванчо Спасевски. а за претседател на МЗ с. Тработивиште беше избран Николчо Орачки.
Состаноците се одржаа во присуство на претставници од општинската администрација и жители на селата, во демократска атмосфера и со активна дискусија, при што беа изнесени предлози и иницијативи за решавање на актуелните проблеми и за унапредување на квалитетот на живот.
Општина Делчево и понатаму ќе продолжи со процесот на активирање на месните и урбаните заедници, со цел поттикнување на активно граѓанско учество и заедничко креирање на поодговорна и поинклузивна локална самоуправа.
Во таа насока, Општина Делчево ги повикува граѓаните активно да се вклучат во работата на месните заедници, а особено ги охрабрува жените да бидат поактивни и да се ангажираат во работата на советите, бидејќи нивниот придонес е значаен во создавањето еднакви можности и одржлив локален развој.



